Оваа политика за приватност има за цел да појасни и образложи каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна и се однесува само за www.kingsoft.com и поддомените.

Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни или контролорите кои ги управуваат таквите веб страни.

Заштитата и сигурноста на податоците на корисниците на онлајн купување на веб порталот www.kingsoft.com се една од приоритетните задачи на нашата компанија.

Друштво за производство, трговија и услуги КИНГСофт Компани ДООЕЛ Велес посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси.

Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

Лични податоци кои се собираат

Доколку од Ваша страна е направена регистрација на оваа веб страна, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат единствено за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:

  • Име и презиме
  • e-mail адреса
  • Адреса за испорака на нарачката и
  • телефон за контакт.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

КИНГСофт Компани ДООЕЛ Велес го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.

КИНГСофт Компани ДООЕЛ Велес има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на овластената банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на  трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на овластената банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Колачињаа (Cookies)

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот.

Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.

Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта)

Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: “за време на сесијата” и „трајни (упорни)“.

Колачињата за време на сесијата се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност. Трајните колачиња остануваат на Вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.

Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на Анхоч веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.

При вашата посета на веб страниците на КИНГСофт Компани ДООЕЛ Велес нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации.

Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Република Северна Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска.

КИНГСофт Компани ДООЕЛ Велес  ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.

Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, КИНГСофт Компани ДООЕЛ Велес  ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност.

Повеќе информации за тоа што се “cookies” и какви типови има можете да најдете овде

 

Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

“Директен маркетинг” е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација

Обработката на лични податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само доколку личните податоци се обработуваат по претходна изречна согласност на субјектот на личните податоци согласно со членот 11 од овој закон.

Во ваков случај Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги, или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани.

Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами.

Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.

Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектот на личните податоци има право во секое време да поднесе приговор на обработката на неговите лични податоци поврзани со овој вид на маркетинг, кој вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг.

Кога субјектот на личните податоци приговара на обработката на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг, контролорот ја запира натамошната обработка на личните податоци за тие цели.